ТРАГЕДИЈА – Мајка и нејзиниот 7-годишен син паднале од траект во Балтичкото Море и починале

Жена од Полска и нејзиниот 7-годишен син го загубиле животот кога ненадејно паднале од фериброд на Балтичкото Море кој патувал од Шведска за Полска, соопштија во петокот портпаролот на полската полиција, а пренесуваат тамошните медиуми.

Шведските власти во четвртокот соопштија дека детето паднало од траектот и дека мајката скокнала по него за да го спаси.

Тие биле извлечени од морето со хеликоптер и префрлени во шведска болница.

За жал, утрово добивме информација од шведска страна дека мораме да ја пренесеме оваа страшна вест до семејството бидејќи и момчето и жената се мртви“, изјавил портпаролот на полицијата, Мариуш Циарка.

Шведската полиција не можела да потврди дека мајката и момчето починале. Од болницата не сакале да коментираат.

Шведскиот траект „Stena Spirit“ бил на половина пат до Гдиња во Полска кога се случила несреќата. Не е познато зошто тоа се случило.

Во моментов немаме информации дали тоа се случило поради дефект на траектот“, изјавил за TVN24 портпаролката на траектот и додала: „Работиме со полицијата и другите релевантни органи за расветлување на причините и околностите за овој инцидент“.

Шведската полиција, преку полската медиумска агенција PAP, ги повика полските патници на траектот да се јават доколку знаат нешто за тоа како се случила несреќата.