Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, уште едно лице оди во куќен притвор

 Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на две лица за случајот „Феникс“ осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Од Кривичниот суд Скопје за МИА информираа дека притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.