АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ДОБИЛА ДОКУМЕНТИ ОД ИСТРАГАТА НА ФБИ ПРОТИВ БРЕД ПИТ? Сака да го УНИШТИ бившиот по секоја цена! Ова не му го простува!
Анџелина Џоли, наводно, добила многу документи од ФБИ за истрага на наводниот авионски инцидент меѓу неа и Бред Пит. Холивудската актерка го побарала извештајот за да добие „правна заштита“ од поранешниот сопруг, објави „Дејли мејл“.
Според британскиот таблоид, извештајот за тепачката, која наводно довела до еден од најпознатите холивудски разводи, е на повеќе од 100 страници. Џоли го доби по судски спор претходно овој месец. Останатите документи се очекува да ги добие на крајот на јануари.
Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што двајцата најстари, Медокс и Пакс, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Захара (17), Шајло (16) и Вивиен и Нокс (14).
Да потсетиме, Анџелина Џоли поднесе противтужба против Бред Пит, во која упати сериозни обвинувања против својот поранешен сопруг. Таа детално го опиша она што го опиша како злоупотреба во приватен авион во 2016 година. Портпаролот на Пит изјави за Си-Ен-Ен дека наводите се „целосно невистинити и дека Анџелина користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против нејзиниот татко“.