АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ на патеката долга 160 километри – Најмалку 21 лице загина во торнадото што ја АМЕРИКА (ФОТО/ВИДЕО)
Најмалку 21 лице загинаа во силно торнадо што синоќа го погоди руралниот дел на американските сојузни држави Мисисипи и Алабама, уништи згради и ја прекина струјата, откако невремето проследено со град со големина на тениско топче се прошири низ јужниот дел на САД.
Националната метеоролошка служба потврди дека торнадото предизвикало штета на околу 96 километри североисточно од Џексон, Мисисипи. Руралните градови Силвер Сити и Ролинг Форк пријавија уништување во текот на ноќта со ветрови со брзина од 113 километри на час кон Алабама, низ градовите Винона и Амори.
Најмалку 13 смртни случаи се регистрирани на околу стотина километри северозападно од Џексон во тешко погодениот округ Шарки. Уште три лица загинаа, а најмалку две лица се во критична состојба во округот Хемфрис, изјави директорот за управување со вонредни состојби Ројс Стид за Си-Ен-Ен.
Во округот Керол, три лица загинаа во еден дом, изјави судскиот вештак Марк Стајлс за Си-Ен-Ен, додавајќи дека се чини дека загинале во торнадо. Дополнително, две лица загинале во округот Монро во североисточниот дел на Мисисипи.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување до локалното население да пронајде засолниште, велејќи дека тоа е ситуација опасна по живот и дека предметите кои ги носи ветерот може да бидат фатални за оние кои не се засолнуваат. Беше предупредено и за можни оштетувања на домови, деловни простории и возила.
Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс синоќа на Твитер напиша дека екипите за пребарување и спасување се активни и дека се испраќаат дополнителни амбулантни возила и опрема.