Големи поплави во Дубаи, властите итно испратиле екипи на терен (ВИДЕО)

Интензивни врнежи го зафатија Дубаи и пошироките Обединети Арапски Емирати за време на викендот, предизвикувајќи поплави и прекинајќи ги летовите на најпрометниот аеродром во светот.

Речиси 50 милиметри дожд падна во Дубаи за само шест часа. Властите испратија екипи да ги отстранат дрвјата од патот и да ги отворат одводните решетки, иако дождот брзо покри некои области.

Полицијата затвори делови од дел од автопатот, а прекинати се и летовите за компаниите Емирати и ФлајДубаи. На снимката можете да видите потопени патишта.

Властите претходниот ден ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а подготвен бил и персоналот за брза помош.

Дождот е невообичаен во оваа област, но повремено се појавува во постудените зимски месеци.