ФОТО | “ПРЕМИЕРЕ, КАДЕ Е ТВОЈОТ СИН ?“ – Голем гнев во Израел: “Додека јас крварам на фронтот, тој ужива на плажите во Мајами…“

Додека наголемо беснее војната меѓу Израел и Хамас, еврејскиот народ повика илјадници резервисти да земат оружје и да ја бранат својата татковина. Досега во земјава пристигнале т.е. се пријавиле околу 360.000 резервисти. Меѓутоа, за време на оваа масовна мобилизација, некои војници му го поставија на Бенјамин Нетанјаху ова тешко прашање: „Каде е вашиот син, господине премиер ?

Според пишувањата на медиумите, 32-годишниот Јаир Нетанјаху е на Флорида од април, што иритирало многу војници.

Јаир Нетанјаху ужива во својот живот на Мајами Бич додека јас сум на линијата на фронтот“, цитира The Times еден војник, волонтер кој служи на северниот фронт во Израел.

Јаир Нетанјаху на плажа во Флорида – Бенјамин Нетанјаху

Ние сме тие што ги напуштаме нашите работни места, нашите семејства, нашите деца, за да ги заштитиме нашите семејства дома и земјата, а не луѓето кои се одговорни за оваа ситуација“, рекол овој разочаран војник.

Нашите браќа, нашите татковци, синови, сите одат на бојното поле, но синот на премиерот се уште не е тука. Ова не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, нагласил тој.

Друг резервист, кој се вратил во Израел од САД, оставајќи ги зад себе својата работа и семејството, исто така ја изрази истата загриженост.

Нема начин да останам таму и да ја оставам мојата земја, мојот народ, во овој критичен момент. Каде е синот на премиерот ? Зошто не е во Израел ? Тоа е моментот што најмногу не обединува како Израелци во нашата понова историја и секој од нас треба да биде овде токму сега, вклучително и синот на премиерот“, рекол тој.

Јаир Нетанјаху, кој го завршил средното образование, задолжителниот воен рок го исполнил во Израел работејќи во единицата на ИДФ како потпарол, наместо да преземе борбена улога.

Граѓаните на Израел се обврзани да служат војска кога ќе наполнат 18 години, а мажите отслужуваат 32 месеци, а жените 24 месеци.

По првичната служба, многу поединци може да бидат повикани да служат во резервите до 40-годишна возраст или постари, особено во случај на национална вонредна состојба, за време на која тие можат да бидат распоредени заедно со редовните трупи во време на конфликт.

Овие резервисти извршуваат и неборбени должности, што значи дека недостатокот на искуство во првата линија на Јаир Нетанјаху не го ослободил автоматски од воена служба.