Апсењето на Палевски беше “координирано” преку Аргентина, тој беше лоциран во автомеханичарски сервис, сите детали на акцијата на турската и македонската полиција за фаќање на Палчо

Акцијата за апсење на Љупчо Палевски Палчо е “координирана” преку главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. Имено, Интерпол има три големи центри преку кои се спроведува нивното работење и тоа овозможува 24 часовно функционирање во целиот свет. Едниот, да речеме, главниот центар е во Лион, вториот е во Сингапур и третиот во Буенос Аирес.

Кога на 4 декември минатата година Македонија распиша потерница против Палевски, како првоосомничен за двојното убиство, на Панче Жежовски во Велес и на Вања Ѓорчевска во близината на Скопје, таа требаше да биде пуштена низ системот на Интерпол. Во процесот на процесуирање на целата постапка во првата фаза секоја потерница почнува со PENDING и како таква се наоѓа во системот на секоја светски полиција членка бна Интерпол. Но за да биде Палевски уапсен во Турција бешѓе потребно да заврши целиот процес. Тој процес беше “завршен” со помош на централата во Буенос Аирес.

Палевски беше забележан од Македонец кој е роден во Македонија и повеќе од 30 години живее во Турција во градот Беликесир кој се наоѓа на половина пат од Бурса до Измир. Кога Палевски на граничниот премин Капитан Андреево влегува во Турција тој не останува во Истанбул туку е донесен во Беликесир сакајќи на тој начин да ги скрие трагите и своите намери па и од возачот на џипот со струмички таблички со кои од Белград беше донесен во Турција.

Македонецот кој 30 години живее во овој град стапува во контакт со Палевски кога тој му кажува дека сака да замине во Истанбул. Тогаш тој се јавува во македонското МВР. Отткако потерницата по Палевски станува оперативна турската полиција го лоцира дека бил во еден автомеханичарски сервис. Потоа со неговата фотографија ја следат патеката на негово движење и го лоцираат на автопатот кон Истанбул каде преку истанбулскиот аеродром сакал да замине за Белорусија.

Целата анализа можете да ја поглледате на следниот линк: