– Арапската лига ја изрази својата поддршка за обвинението за геноцид на Јужноафриканската Република против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг поради смртоносната воена офанзива на Израел на Појасот Газа.
Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул-Геит, рече дека се надева на „праведна и храбра судска одлука што ќе ја запре агресивната војна и ќе стави крај на палестинското крвопролевање“.
Абул-Геит ја поддржа Јужноафриканската Република „за поднесувањето обвинение кое им дава приоритет на човечките вредности“.
Пред Меѓународниот суд на правдата денес започна сослушување по обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република против Израел.
На првиот ден од судскиот процес, Јужноафриканската Република презентира докази во предметот што го поднесе на 29 декември, обвинувајќи го Израел за геноцид и кршење на Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид со неговите дејствија во Појасот Газа од 7 октомври.
Јужноафриканската страна ќе побара од највисокиот суд на Обединетите нации мерки за запирање на израелскиот воен напад врз Појасот Газа, во кој досега беа убиени над 23.300 Палестинци.