Арбен Таравари: “Слободните медиуми се основниот столб на демократијата“

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, по повод 3-ти Мај – Светски ден на слободата на медиумите, на социјалните мрежи напиша: „Сите ние, како граѓани на оваа држава, носители на јавни функции, претставници на институции, носители на различни професии, должни сме да ја поддржиме и заштитиме слободата на медиумите и да се погрижиме новинарите да известуваат за вистината без цензура и страв од било какви реперкусии. 

Слободните медиуми имаат особено значајна улога општеството да функционира одговорно и соодветно. За жал, слободата на медиумите е под закана во многу делови од светот, па така и кај  нас, дома. Новинарите неретко се мета на малтретирање, заплашување, па дури и насилство само затоа што ја вршат својата работа. 

Токму затоа, како општество, мораме да направиме сè што е можно за да ги заштитиме новинарите и слободата на медиумите. И денеска, на овој Светски ден на слободата на медиумите, а и секојдневно, да се потсетиме на каузата за слобода на медиумите. 

Да застанеме на страната на новинарите и медиумите кои се борат за вистината и да се обврземе да го штитиме овој основен столб на демократијата”.

Алијанса на Албанците.