Поради наглото зголемување на потрошувачките цени, кои на крајот на 2022 година скокнаа за 94,8 отсто, многу граѓани веќе подолго време зборуваат за потребата од воведување нови апоени.
Во услови на висока инфлација, аргентинските власти одлучија да воведат нова банкнота од 2.000 песо, соопшти Централната банка на таа јужноамериканска земја.
Во моментов во земјава се користат банкноти од 1.000, 500, 200, 100, 50, 20 и 10 песо, пренесува Танјуг.
Поради наглото зголемување на потрошувачките цени, кои на крајот на 2022 година скокнаа за 94,8 отсто, многу граѓани веќе подолго време зборуваат за потребата од воведување нови апоени, меѓу кои и оние од 5.000 песоси.
Една од највисоките стапки на инфлација во светот
Инфлацијата од 94,8 отсто е највисока во Аргентина во последните 32 години и една од највисоките инфлации забележани во последно време во светот, објави неодамна АФП.
Во претходната 2021 година, инфлацијата во Аргентина изнесуваше 50,9 отсто.
Претходниот рекорд беше во 1991 година, со неколку последователни годишни стапки на инфлација над 100 проценти. Таа година го означи крајот на циклусот на хиперинфлација над 1.000 отсто.
Аргентина, третата најсилна економија во Латинска Америка, е заглавена во хронична инфлација, двоцифрена во последните 12 години од различни причини, и домашни – враќање на буџетските дефицити, големи инфлациски очекувања и надворешни – прво пандемијата, и сега влијанието на војната во Украина, кои го спречуваат закрепнувањето.