Аријана Гранде се разведе! На бившиот сопруг морала да му плати повеќе од милион долари

Иако меѓусебно одлучија да се разведат, Аријана мораше да му плати на поранешниот сопруг значителна сума пари.

Аријана Гранде официјално се разведе од Далтон Гомез по четири години врска. 

Двајцата се договориле за развод во октомври минатата година, но и покрај заедничката одлука морале да чекаат задолжителните шест месеци за одлуката да стане правосилна. 

Судот нареди пејачката да му плати на поранешниот сопруг 1,25 милиони долари, како и да му плати судски трошоци од 25.000 евра.

Исто така, Аријана се согласи да му даде на Далтон половина од продажбата на куќата во Лос Анџелес.

Да потсетиме, парот се запозна во 2020 година, а веќе следната година се венчаа. Меѓутоа, љубовта не траела, а две години подоцна поднеле барање за развод. Како што пренесуваат светските медиуми, одлуката била обострана, па двајцата останале блиски пријатели.

Инаку, Аријана веќе е во нова врска со колегата Итан Слејтер, кој исто така зад себе има неодамна завршен брак.