Никол Кидман со халтери и чипкаст веш! Објавени еротски фотографии од актерката – ги раширила нозете и кани на блуд

Актерката Никол Кидман (56) позираше во долна облека за насловната страница на познат светски магазин.

На провокативните фотографии, оскаровката заводливо лежи на огледало додека позира во скапа долна облека од тантела од познат бренд за облека вредна неверојатни 1.500 фунти. 

На другите фотографии,  Никол е облечена само во црни чорапи со блејзер преку голо тело, додека флертува со камерата со опасен изглед.

Во придружното интервју што ги придружуваше секси фотографиите, Никол зборуваше за својот живот и откри колку е исполнета во своите врски.

– Имам многу исполнет живот со луѓето што ги сакам. Ги воспитувам моите ќерки. Јас сум жена, јас сум најдобар пријател. Јас сум сестра, јас сум тетка. Имам длабоко интимни односи со луѓето и тоа, според мене, е смислата на животот, а потоа се грижам и за тоа што оставаме зад себе, кого оставаме зад себе и како го правиме тоа – рекла Никол Кидман, пренесува „Дејли мејл  .