Психопатите најмногу ја слушаат оваа музика! Песните што ги прават се целосно шокантни, а еден детал е многу важен

Една нова студија покажа дека психопатите всушност повеќе сакаат рап и R’N’B музика.

Спротивно на она што е прикажано во филмовите како „Портокал од пеколот“ и „Кога јагнињата ќе стивнат“, психопатите всушност не ја сакаат класичната музика повеќе од другите луѓе, велат психолозите.

200 луѓе учествуваа во студијата спроведена од психолози од Универзитетот во Њујорк. Слушаа 260 песни од различни жанрови. Се испостави дека луѓето со најпсихопатски особини најмногу уживале во рап песните „No Diggity“ на бендот „Blackstreet“ и „Lose Yourself“ од Еминем, пишува „The Guardian“.

Од друга страна, оние кои најмногу уживаа во песните „My Sharona“ на рок групата „The Knack“ и „Titanium“, во изведба на Дејвид Гета и пејачката Сиа, покажаа најмалку психопатски особини.

Психолозите истакнуваат дека резултатите се прелиминарни и засега не сакале да откријат кои песни им се пуштале на испитаниците.

Сепак, нивната цел е амбициозна, можеби да ги идентификуваат психопатите преку нивната омилена музика.

 Медиумите ги прикажуваат психопатите како убијци со секира и сериски убијци, но во реалноста тие не се толку очигледни, не се како Џокерот од Бетмен. Тие би можеле да работат веднаш до вас и целосно да се вклопат со околината. Тие се како психолошка темна материја – изјави Паскал Валиш, водач на истражувањето.

Околу 1 процент од општата популација спаѓа под описот на психопат, но нивниот број е многу поголем во затворите, каде што секој петти затвореник го има ова нарушување.