АРКАН СЕ ПЛАШЕЛ САМО ОД ЕДЕН ЧОВЕК? Најсуровиот член на „земунскиот клан“ откри: „Да му се јавеше, немаше да преживее ниту ден!“

Сретко Калиниќ тврди дека Жељко Ражнатовиќ Аркан се плашел само од Душан Спасојевиќ.

Најсуровиот убиец на „земунскиот клан“, Сретко Калиниќ, познат како Бели или Звер, издржува максимална затворска казна од 40 години за серија убиства, како и за учество во атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а сега во својата книга ги открива сите тајни на озлогласениот клан.

Но, неговите индивидуални изјави за врската меѓу Жељко Ражнатовиќ Аркан и Душан Спасојевиќ предизвикуваат бројни сомнежи.

-Душан Спасојевиќ кон крајот на деведесеттите купил накит вреден пет милиони за само 150.000 марки од крадци, меѓу кои бил и пријателот на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Ако Аркан му се јавел на Спасојевиќ да се побуни, немаше да живее ниту еден ден – пишува Калиниќ, кој тврди дека Аркан се плашел од Спасојевиќ:

Жељко Ражнатовиќ Аркан кон крајот на деведесеттите се плашеше од Душан Спасојевиќ, Миле Луковиќ Кум и нивниот „земунски клан“.

Опишувајќи го милионскиот грабеж на златарата, Калиниќ пишува дека „војникот“ на Душан Спасојевиќ – Рајкан и неговите соработници истиот го извршиле во странство.

-Рајкан и двајца негови пријатели најпрво се разделија со останатите соработници, но кога се вратија во Белград ги начекаа и им го украдоа делот. Потоа сиот накит му го однеле на Душан, за тој да го наплати. Спасојевиќ им дал 150.000 марки за злато вредно пет милиони – пишува Калиниќ и додава:

Еден од соработниците на Рајкан, кој учествувал во грабежот на златарницата, го познавал Аркан. Поради ова, Душан очекувал дека овој ќе му се јави да му побара дел од златото. Ако Аркан случајно му се јавил, никој немаше да му одговори, но сигурно беше дека во тој случај немаше да живее повеќе од еден ден. Така што не е тешко да се каже кој од двајцата беше поопасен, но за среќа на Аркан, тој не се јави за тоа злато.

Сретко, исто така, тврди дека Спасојевиќ подоцна „украдениот накит им го делел како Дедо Мраз на политичарите и нивните сопруги.

Душан ќе ја ставаше раката во торба полна со накит и вадеше онолку колку што можеше, и така го делеше. Кај Милош Симовиќ можеби останал еден килограм од овој накит по убиството на Душан во март 2003 година – напиша Калиниќ.

Тој забележува и дека Спасојевиќ и Миле Луковиќ Кум го запознале Милорад Улемек Легија само неколку месеци по грабежот на златарата.

Во тоа време ги запознале сопругата на Легија, која ги познавала Спасојевиќ и Кум преку нејзиниот претходен сопруг, Небојша Ѓорѓевиќ Шуца. Душан и Кум брзо се спријателија со Легија. Јас го познавам Легија само од видување, од бојното поле во Босна, но никогаш не сме се запознале лично. Сепак, Душан и Кум секој ден доаѓаа кај мене и ми кажуваа за него, па ги знаев сите детали за „Лежион“ или „Леж“, како што тие го нарекуваа – напиша Калиниќ и му се обрати директно на Улемек во книгата, кој исто така служи на 40-годишна казна во Забела за учество во убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинџиќ и други злосторства:

Сигурно ќе се изналежиш во затвор Леже, ако не си до сега. Се надевам дека ќе се сретнеме некаде, ако оваа мутирана корона не те уништи. Сепак, короната не ти може ништо, кој знае со какви вируси и инфекции се соочивте во Африка, во Легијата на странците, па оваа корона за вас е мачкина кашлица.

Инаку, Калиниќ за насловна илустрација на книгата ја искористи потерницата за Легија и членовите на „земунскиот клан“, која беше издадена во март 2003 година, веднаш по атентатот на српскиот премиер. На сликите на Душан и Луковиќ е доцртан црн флор, бидејќи тие биле убиени набргу по атентатот на Ѓинѓиќ, додека преку сликите на повеќето други членови на кланот е испишано „Предавник“, пренесува Информер.