Армијата на Украина се пофали: “Постигнат е напредок во офанзивата на југот и истокот на земјата, особено во близина на клучниот стратешки град!“

Армијата на Украина денес соопшти дека постигнала мал напредок против руските сили во делови од фронтот во јужна Украина и јужно од Бахмут на исток.

Андриј Ковалиов, портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, изјавил дека украинските војници тргнале напред во правец на југоисточното село Старомајорска, во близина на населбата што Украина минатиот месец ја презеде во регионот Доњецк, пренесува медиумската агенција Reuters.

На исток, според него, украинските војници ги протерале руските единици од позициите во близина на селото Андреевка, југозападно од главно уништениот град Бахмут, кој руските сили го освоија во мај.

Украинските сили, исто така, спроведуваат офанзивни операции северно и јужно од Бахмут“, нагласува тој.