Арсовска во Истанбул ја потпиша ратификацијата за Европските младински олимписки игри во Скопје во 2025 година
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, викендов во Истанбул на 52-то генерално собрание на Европскиот олимписки комитет официјално ја потпиша ратификацијата за одржување на Европските младински олимписки игри во Скопје 2025 година со раководството на Европскиот олимписки комитет и Македонскиот олимписки.
На Европските младински олимписки игри во Скопје се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 14 олимписки спортови.
– Особена чест ни претставува што ќе бидеме домаќини на ваков реномиран меѓународен спортски настан. Посветено работиме да потврдиме дека Скопје секогаш е добар домаќин и одличен организатор, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација и промоција на нашиот град како спортска и културна дестинација, изјави Арсовска.
Градоначалничката смета дека организацијата на настанот е одлична можност со поддршка на ЕУ да се инвестира во подобрување на нашите капацитети и инфраструктурата со што ќе се подобрат условите за спортување на младите генерации успешни спортисти.