Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Политиката не смее да биде извор на раздор и поделби, туку мост за соединување -порача скопската градоначалничка Данела Арсовска на конвенцијата за нејзина промоција како нов претседател на партијата Нова алтернатива.

Меѓу присутните гости беше и генрералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ но Арсовска во својот говор посочи дека нејзината партија не е во коалиција со партијата на власт. Најави кривична пријава за информациите кои се лиферуваа во јавноста дека ја купила партијата.

Денеска на прес конференција обелодени афера за вработен во Ѓорче Петров за кој тврди дека имал дива депонија а општината му била клиент. Најави кривични пријави.