Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршиле увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел, соопшти денеска прес – службата на Град Скопје.
Градежните активности, како што се појаснува во соопштението, на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа, а со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите добиваат поквалитетно водоснабдување.
– Градот Скопје континуирано работи на мрежата за водоснабдувањето согласно предвидените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на предизвиците и реализација на барањата на граѓаните во делот на подземната инфраструктура се важен сегмент, се додава во соопштението.