Арсовска: Скопје се чисти, екипи на „Kомунална хигиена“ се на терен

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вели дека екипите на „Комунална хигиена“ се на терен и дека градот се чисти.

Во објава на Фејсбук таа пишува дека „не дозволиле мафијашките структури да им наштетат на интересите на граѓаните“.

„Успеавме да забележиме уште една победа за да го заштитиме јавниот интерес, интересот на граѓаните на Скопје. Скопје се чисти, екипи на скопската општинска хигиена се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана“.

„Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашките структури заедно со политичкиот отпад да им наштетат на интересите на македонските граѓани. Она што им го ветив на граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам ветувањето“, напиша Арсовска.