Арсовска со реакција до ВМРО: Неписмени

Единствена причина поради која се блокира градба на две градинки, две училишта и спортска сала е неписменоста на советниците на ДПМНЕ во Град Скопје. Жалиме што неписменоста на ДПМНЕ се рефлектира континуирано врз секојдневниот живот на граѓаните на градот Скопје, кои нема да добијат нови училишта и градинки бидејќи советниците на ДПМНЕ во Град Скопје се уште не знаат да напишат предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.

Ова е одговорот од Град Скопје на денешната прес коференција на партијата, од каде што обвинија дека градоначалничката Данела Арсовска ја блокирала изградбата.

-Градот Скопје апелира до ДПМНЕ да престанат да се бламираат во јавност. Доволно е што веќе јавноста е жртва на нивната неписменост и некомпетентност.

Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата на Р.Македонија ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје, велат од Град Скопје.