Арсовски: Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се поверојатно да излезат во вториот круг

Аналитичарот Петар Арсовски истакна дека е многу веројатно во вториот круг од претседателските избори да влезат кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште имаат повеќе гласови од секој од овие двајца кандидати. Најголема е веројатноста во вториот круг да влезат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Интересен феномен што се појави на овие избори е што збирот на рејтинзите на албанските партии заедно за првпат го надминува рејтингот на една македонска партија, СДСМ“, вели Арсовски за „ТВ21“.

Додека аналитичарот Владимир Божиновски вели дека овие претседателски избори не се само за да се види кој ќе оди во вториот круг, туку за да се измери силите на политичките партии.

„Ако Стево Пендаровски освои 170.000 гласови, хипотетички, тоа е тешка загуба за него, но ако некој од помалите партиски кандидати освои 30-40.000, тоа е голема победа“, вели Божиновски.