СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и министерката за внатрешни работи го блокираат процесот за издавање пасоши

ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните и прави уште поголем проблем со издавањето на новите пасоши, обвинуваат денеска од СДСМ.

„Од една страна нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го блокира процесот со погрешни одлуки и чекори. Наместо да ги зголеми капацитетите за фотографирање и издавање пасоши, го укина издавањето на пасоши без закажување.

Го одолговлекуваше целиот процес со месеци. Граѓаните не можат да го пропуштат терминот со денови, а фотографираните не можат да ги добијат пасошите со недели.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се променат обврските од меѓународен договор. ВМРО-ДПМНЕ нема решение, како што предупреди, но им создава уште поголем проблем на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.