„Денешниот ден е потсетување и израз на благодарност за вашиот круцијален придонес за демократската консолидација и развој на нашата земја врз вредностите на мирот и еднаквоста“, наведува првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во честитката по повод 23. мај – Националниот ден на Власите.
Честитајќи им го празникот на припадниците на влашката заедница, Груби им посакува многу здравје, благосостојба и успех во остварувањето на вашите прогресивни аспирации.
„Како што досега придонесовме за прогресивната сегашност, да останеме заедно почитувајќи ги јазикот и културата еден на друг за да ја изградиме европската иднина. Среќен 23. мај, Националниот ден на власите!“, додава Грби во честитката.