ТРАГЕДИЈА – 25-годишно момче со автомобил марка ‘Мерцедес-Бенз’ прегазил 78-годишна жена и ја усмртил на улица во Скопје

Патничко возило „Mercedes-Benz“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (25 г.) од село Глумово, скопско, вчера во 12:07 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје удрило во М.Н. (78 г.) од Скопје. 

По несреќата, како што информира МВР, М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор била констатирана смрт. 

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје