Колку време треба да вежбате за да добиете задник како оној на Ким Кардашијан !? Фитнес тренер открива се: “Побргу е отколку што мислите!“

Колку време е потребно за вежбање за да се добие задник како оној на најпознатата старлета – Ким Кардашијан !?

Трендот на големи задници, кој го започна Џенифер Лопез пред многу години, а кој најпознатата старлета на светот – Ким Кардашијан – максимално го промовираше, се чини дека не стивнува. Девојките поминуваат часови и денови во теретани вежбајќи до исцрпеност со цел да постигнат тркалезна и голема форма како Ким Кардашијан. Оние кои, пак, не сакаат да тренираат, проблемот го решаваат со естетски хирурзи кои им „прават“ голем задник. 

Ким Кардашијан

Колку големиот задник денес стана олицетворение на убавината е и податокот дека има гаќички, шорцеви, хеланки и слични парчиња облека со влошки кои го зголемуваат задниот дел. Овој тренд влијаеше и на преференциите во интимните односи, како што објаснуваат многу експерти во оваа област. Бројни истражувања покажуваат дека мажите се повеќе очекуваат нивните партнерки да имаат анален однос, а големиот задник го сметаат за најатрактивниот дел од телото на жената.

И ако сакате да го постигнете овој изглед по природен пат, колку време всушност ви е потребно за вежбање ? Колку треба да тренирате за да имате задник како Ким Кардашијан ?

Одговорот на ова прашање го даде фитнес тренерот Алексеј Мојсеев. Според него, потребни се некаде од три до осум месеци пред да можете гордо да кажете дека имате задник како оној на старлетата, што е многу побрзо отколку што мислат повеќето луѓе. Тој нагласува дека во исто време тренинзите треба да вклучуваат основни вежби за мускулите на рацете, рамената, градите, стомакот…

Ако имате јасна визија за тоа што сакате да постигнете со вежбање, тогаш најдоброто нешто е да се едуцирате, било преку Интернет или во живо со тренер, каков тип на вежби треба да применувате. Се разбира, секогаш е подобро да работите со тренер отколку да ги повторува вежбите што ги наоѓате на Интернет, бидејќи ќе може да види каде грешите и да ве исправи. Само така ќе ги постигнете посакуваните резултати“, објаснил овој фитнес тренер.