Артета за ремито со Ливерпул: Еден од најинтензивните натпревари што сум ги видел во последните 20 години во Премиер лигата
Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сподели емоциите по вчерашниот натпревар со Ливерпул во 18. коло од Премиер лигата.
Двете водечки екипи во Англиското фудбалско првенство одиграа нерешено 1:1.
– Тоа беше сериозен тест и се справивме со него. Момците беа неверојатни. Еден од најинтензивните натпревари што сум ги гледал во оваа лига во последните 20 години, тоа кажува многу. Беше неверојатен натпревар на два тима кој ја подигна летвичката на повисоко ниво. Двете екипи сакаа да победат и одиграа соодветно. Во последните 15-20 минути се обидовме да дојдеме до цел плен, но не го најдовме вистинскиот пат. Ливерпул е најдобриот тим во светот во вакви натпревари. Создаваме шанса, а пет секунди подоцна топката е во нашиот шеснаесетник, изјави Артета за „BBC“.
Арсенал со 40 бода го задржа водството во Премиер лигата. Ливерпул со 39 е на втората позиција.
Во следното коло Ливерпул ќе игра на гости кај Барнли, средбата ќе се одржи на 26 декември. Арсенал на 28 декември на домашен терен ќе го пречека Вест Хем.