Археолизите ја бараат Арката на Ное на оваа планина: Истражувањето траело 2 години, а еве што откриле: Сигурни се дека таму имало живот (фото/видео)

Локалитетот Дурупинар во Турција долго време се споменува како место каде што била „скриена“ Ноевата арка , а археолозите сметаат дека се на чекор до потврда.

Тим истражувачи кои истражуваат геолошка формација на планината Арарат во Турција, земале примероци од карпи и почва и ги анализирале резултатите кои сугерираат дека локацијата е формирана пред приближно 5.000 години, што би се совпаднало со временската рамка на Големиот потоп опишан во Библијата, пишува Дејли Мејл..

Ноевата арка

Како дел од проектот започнат во 2021 година, истражувачите од два турски универзитети пронајдоа во таа геолошка формација, меѓу другото, траги од глина, морски материјал и остатоци од морски животни.

– Според првите сознанија, во регионот имало човечки активности во периодот помеѓу 5500 и 3000 година пред нашата ера. Познато е дека потопот на пророкот Ное бил пред 5.000 години. Што се однесува до датирањето, тогаш на овие простори имало живот и тоа било откриено во лабораториските резултати. Не може да се каже дека бродот сè уште е тука. Мора да работиме долго за да го утврдиме тоа – изјави професорот Фарук Каја.

Д-р Ендрју Снелинг од Универзитетот во Сиднеј претходно изјави дека планината Арарат не може да биде место на арката бидејќи планината е формирана само откако водата се повлекла и повеќето научници и археолози не веруваат во буквалното толкување на приказната за Aрката на Ное, за кој христијаните веруваат дека спасил многу животински видови во библиската поплава.

Сепак, научниците се обидуваат да најдат доказ за постоењето на тој легендарен брод уште од античко време, и иако на почетокот го барале во длабочините на морето без успех, новите технологии понудиле логично решение за кое многумина не размислувале: чамецот би можел да биде на планинските врвови кои први излегле од водата по поплавата, според Б92.