Никогаш не треба да го пиете првото утринско кафе во ова време: Кога ќе слушнете што се случува во вашето тело, веднаш ќе ја промените вашата навика

Посегнувањето по свежо кафе првото нешто наутро е практика на повеќето вработени, но според експертите, тоа би можело да ви направи повеќе штета отколку корист. Кофеинот помага да се зголеми вниманието и будноста со зголемување на количината на хормонот на стрес кортизол во човечкото тело.

Проблемот е што кортизолот природно се зголемува кога човек ќе се разбуди наутро, што значи дека пиењето кафе во тоа време има негативен ефект бидејќи дополнително го активира лачењето на кортизол. Луѓето кои пијат кафе во рок од два часа по будењето, всушност ги прават нивните тела имуни на кофеин.

Најдобро е да го испиете првото кафе само откако ќе ви падне нивото на кортизол, што во повеќето случаи е помеѓу 9.30 и 11.30 часот. Со ова се согласува и нутриционистката Сара Бруер, која вели дека идеалното време за кафе е токму во 10 часот. Ова, секако, важи за луѓето кои се будат во 7 или 8 за работа.

– ,,Вашето ниво на кортизол е највисоко помеѓу половина час и два часа по будењето. Тогаш е навистина лошо да се пие кафе бидејќи кофеинот го имитира одговорот на стресот и предизвикува кортизолот уште повеќе да скокне“, објасни нутриционистот”.

Ако пиете кафе барем два часа подоцна, нема да чувствувате вознемиреност и немир. Исто така, се советува да не пиете кафе доцна навечер бидејќи, повторно од истата причина, може да имате потешкотии со спиењето. Последното кафе задолжително испијте го пред 17:30 часот.