Мбапе призна: „Покрај тоа што го направи Меси, моите успеси го немаат тоа значење“

На изненадување на многу фанови, Златната топка оваа сезона ја освои еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси .

Некои сметаат дека оваа награда му е доделена, за дополнително да го подигне својот бренд, додека други сметаат дека конкуренцијата покрај него не ни постоела.

Сепак, еден од конкурентите за оваа награда, Килијан Мбапе, истакна дека разбира оти одлуката била токму Меси да ја добие наградата.

– Меси мораше да ја освои Златната топка, тој го освои Светското првенство. Тој е еден од најголемите во историјата, веројатно најголемиот за мене. Халанд имаше одлична сезона, исто и јас, но освен што тој го освои Светското првенство, нашите добри сезони немаат такво значење. Лео тоа го заслужи – изјави Мбапе.