Асад отруен во Русија!? „Тој се јавил на 911, а потоа почнал да кашла и да се гуши! Состојбата само се влошувала“
Сирискиот диктатор Башар ал Асад наводно бил отруен во Русија и во неделата му се слошило!
Според телеграмскиот канал General SVR, кој наводно го води една од поранешните највисоки руски разузнавачки агенции, Асад почнал да се чувствува лошо во неделата, велејќи дека има тешкотии со дишењето. Како што е познато, поранешниот сириски диктатор повикал лекарска помош, по што наводно неговата здравствена состојба дополнително се влошила.
„Речиси веднаш откако повикал лекарска помош, тој почнал силно да кашла и да се гуши“, напиша телеграмскиот канал SVR.
„На Асад му беше дадена вода, што малку го ублажи нападот, но нормалното дишење сè уште не е воспоставено, а како нови симптоми му се појавија главоболка и стомачни болки. До доаѓањето на медицинскиот тим состојбата на поранешниот сириски претседател веќе беше влошена“, се наведува понатаму.
Оваа информација не е потврдена од Русија.
Наводно, претставниците на Кремљ веднаш биле информирани за ситуацијата и била издадена наредба Асад да се лекува дома, а не во која било медицинска установа, но, според SVR, до понеделник неговата здравствена состојба била стабилна и наводно се чувствувал подобро.
Сепак, крвните тестови земени од Асад, наводно, покажале „траги од изложеност на токсична супстанција во неговото тело“.
„Како што е наведено во извештајот испратен до помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев, истрагата е во тек, но сè уште не е можно да се утврди како Башар ал Асад бил изложен на отровот “, објави SVR.
Извор на Sun вели дека постојат сите причини да се верува дека е направен обид за атентат.
Асад и неговото семејство побегнале во Русија и наводно се во Москва откако бунтовниците ја презеле контролата над Сирија. Кремљ тогаш нагласи дека Путин лично ја донел одлуката за евакуација на Асад.