Асефа постави нов светски рекорд во маратон

Маратонката од Етиопија, Тигист Асефа постави светски рекорд на трката во Берлин. Дваесет и деветгодишната атлетичарка патеката ја мина за 2 часа 11 минути и 53 секунди.

Претходниот рекорд и припаѓаше на Кенијката Бригид Косгеи, поставен во Чикаго во 2019 година. Таа истрча време од 2 часа 14 минути и 4 секунди.

Маратонското растојание е 42.195 км.

Асефа победува на престижниот Берлински маратон втора година по ред.