Швеѓаните бесни на Македонците: Веднаш е поднесен приговор по „сомнителниот“ спектакуларен гол на Пранди

Ракометната репрезентација на Шведска не може да се помири со фактот дека примија гол во последната секунда од полуфиналниот натпревар против Франција на ЕП, што не доведе до продолжение, каде подоцна славеа ,,галските петли” – 34:30 .

Голот на Елоим Пранди беше навистина спектакуларен, но и многу сомнителен, бидејќи ретко кој играч може да постигне гол од толкава далечина.

По повторното гледање на видеото, се чини дека судиите кои ја делеа правдата на овој натпревар, кои се од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, направиле огромна грешка, бидејќи Пранди при голот ја мрднал ногата при шутирањето, што е недозволиво.

Швеѓаните веднаш испратија приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ), која тешко дека ќе резултира со нешто друго освен евентуална суспензија на споменатото дуо.

– Европската ракометна федерација потврдува дека добила протест од Шведската ракометна федерација по полуфиналето меѓу Франција и Шведска на Европското првенство. Надлежните се справуваат со оваа ситуација и сите одлуки ќе бидат објавени во најбрз можен рок – напишаа од Европската ракометна федерација.

Погледнете го и голот кој предизвика бројни контроверзии.