Поранешен полицаец си го убил семејството па се самоубил: Детали за злосторството во Подгорица, познат е мотивот

Голема трагедија се случила синоќа еден час по полноќ, кога М.Д.(51) со пиштол ја убил сопругата В.Д.(49) и 12-годишниот малолетен син, а потоа и себеси.

„Истрагата на лице место ја изврши државен обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на стручни лица од областа на балистиката и службеници од Одделението за безбедност на Подгорица“, соопштија од Управата на полицијата.

Додаваат и дека М.Д. бил пензиониран вработен во Полициската управа, додека В.Д. воспитувач.

„Според моментално достапните информации, пиштолот што бил употребен како средство за извршување на ова кривично дело бил во приватна сопственост. На лице место се пронајдени уште две огнени оружја, кои полицијата ќе утврди дали ги поседува законски.

Според досегашните податоци со кои располага Полициската управа, се сомнева дека мотив за извршување на ова кривично дело е наталожената состојба предизвикана од здравствената состојба на момчето кое беше убиено“, наведуваат од Полициската управа.