АСТРОНОМСКИ СПЕКТАКЛ: Месечината и Венера „танцуваа“ на небото: Восхитувачкиот феномен беше видлив ширум светот (Видео и Фото)
„Ловците на ѕвезди“, како и сите останати, во петок би можеле да бидат сведоци на неверојатна сцена на небото, со оглед на тоа што во непосредна близина можеа да се видат Месечината и Венера.
Венера беше видлива со голо око на небото од Велика Британија, преку САД па се до Кина и Турција, а за севкупниот ефект дополнително придонесоа и поволните временски услови.
Малку порано, НАСА објави дека јануари ќе биде доста интересен месец од астрономска гледна точка.
„Цел месец по стемнувањето, првите неколку часа ќе ги најдете Венера и Сатурн на југозапад, а Марс ќе биде на исток. Уран и Нептун се исто така таму, технички, но тие не се појавуваат како „светли планети. „Овие можности да се видат повеќе планети не се ретки, но тие не се случуваат секоја година“, соопшти НАСА.
Исто така, беше објавено дека Сатурн и Венера ќе бидат во врска помеѓу 17 и 18 јануари и дека ќе имаат иста еклиптична должина.
Уште еден настан кој е интересен од гледна точка на астрономијата ќе се случи на 16 јануари, кога Марс ќе биде во опозиција.
„Кога Марс е во опозиција, тој е прилично светол. Само да се надеваме дека во тоа време нема да има големи песочни бури на оваа планета, за да не ни го заматат погледот на неговата површина“, изјави словенечкиот астроном Игор Жиберна.