Атина домаќин на неформален состанок за Сирија

Во организација на Европската Унија, а со поддршка на Министерството за надворешни работи на Грција, од денеска до недела, во Атина се одржува неформален состанок за Сирија со учество на специјални претставници од земјите членки на ЕУ, како и специјалниот претставника на генералниот секретар на ОН Геир Педерсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека фактот што Грција е домаќин на неформалниот состанок „претставува знак за грчкиот интерес за случувањата во Сирија, како и за значењето што земјата го придава на решавањето на сириското прашање, со цел да се постигнат услови на стабилност и безбедност во поширокиот регион на Источниот Медитеран“.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас утрово ќе се сретне со специјалниот претставник на ОН за Сирија, по што ќе упати и поздравен говор на почетокот на неформалниот состанок.