Koвачевски: Решително продолжуваме со нашата европска интеграција!

Ги унапредуваме пријателските односи со нашите партнери. Австрија е еден од најголемите наши партнери во интеграциските процеси во ЕУ. Нивната доверба тие ја покажаа со тоа што инвестираа над 900 милиони евра и се најголем странски инвеститор во нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме нашите добри односи. Создаваме пријателства и ги остваруваме нашите стратешки цели. Работиме во интерес на државата и на сите наши граѓани.

Решително продолжуваме со нашата европска интеграција!