Курти се согласува за формирање Заедница на српски општини!?

Имери изјави дека тоа е единствениот пат кој го води Косово напред.

Аналитичарот Висар Имери оцени дека со поставување на шест услови, премиерот т.н Аљбин Курти од Косово одлучи да формира Заедница на српски општини .

Како што пренесува Косово онлајн, Имери изјавил дека ова е единствениот начин што го води Косово напред.

– Курти сфати дека нема друг излез освен формирање на ЗСО. Надежта на сите нас е дека тоа ќе го отвори патот за завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија. Исто така, се надеваме дека завршувањето на дијалогот ќе биде од корист за Косово – рече Имери.

Според него, опозицијата е информирана дека нема друг пат и затоа е рационално.

– Тие имаат свој пристап во одбрана на државните интереси, а не во дневно-политичката борба против премиерот – заклучи Имери