Од Агенцијата за храна и ветеринарство демантираат дека на полиците на пазарите во земјава нема млеко со афлатоксин.
Реакцијата на АХВ доаѓа по тврдењето на Цветан Трипуновски, претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој во изјава за медиумите на 21 септември годинава рече дека се увезени од Србија до Македонија над 20 тони млеко, со рок на важност до 3 февруари 2024 година, се дистрибуирани на пазарите иако во млекото над максимално дозволеното ниво е откриен амфлатоксин М1.
АХВ апелира до граѓаните да бидат смирени бидејќи на полиците на пазарот нема „канцерогено“ млеко со афлатоксин со потекло од Србија, како што тврди Трипуновски.
Од таму велат дека денеска со согласност на извозникот од граница се враќа во Република Србија согласно процедурите утврдени со закон, информираат од АХВ.
„За да нема шпекулации и измами на јавноста во иднина, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно потврдуваме дека со цел да се спречи ризикот по јавното здравје, поради утврденото зголемено присуство на афлатоксин М1 Одлуката за безбедносни мерки при увоз е во сила за млекото, млечните производи и храната за исхрана на животните од 1 декември минатата година, што беше одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Со него се врши задолжително лабораториско испитување за присуство на афлатоксин М1 во секоја пратка на млеко и млечни производи што се увезува во земјава и е со потекло од Република Србија или Босна и Херцеговина“, велат од АХВ.