Ковачевски: Новата фотоволтаична централа во Новаци е најголема на Балканот

Со над 280 сончеви денови и потенцијалите на вода и ветер овозможивме енергетска независност на државата. За овие две години создадовме речиси 450 мегавати обновлива енергија, рече премиерот Ковачевски на отворањето на новата соларна централа во Новаци.

Премиерот рече дека до крајот на годинава ќе бидат инсталирани вкупно 600 мегавати.

„Во моментов најважно е да нема инвестиции без економска, политичка и безбедносна стабилност. Влезот во НАТО потврдува дека бројот и износот на инвестициите во земјава се зголемуваат во сите индустрии, особено во областа на енергетиката. Затоа ни треба мирен, стабилен, обединет регион кој еден ден наскоро ќе стане дел од европскиот пазар од 500 милиони луѓе. Тоа значи дека ова што го правиме овде ќе биде достапно за пазар од 500 милиони жители“, рече Ковачевски и додаде дека Северна Македонија има амбициозен план за транзиција кон чисти технологии и напуштање на производството на електрична енергија од јаглен, кој во моментов е пошироко распространето, преку концептот на стратешки инвестиции.

„ФЕЦ Новаци“ моментално е најголем на Балканот. Новата електрана е со вкупна моќност од 55 мегавати и се очекува да произведува 85.000 MWh годишно, што е доволно електрична енергија за да ги задоволи потребите на 30.000 семејства“, рече Ковачевски.