Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп. 

– Најостро го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Ние сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо. Секој развој на Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно, бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста, напиша Ахмети на Фејсбук.

На предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен обид за атентат.