Ахмети: Утрешниот ден е историски, го бираме првиот премиер Албанец

– Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше обраќање на Фејсбук во кое кажа дека утрешниот ден е историски бидејќи во Република Северна Македонија ќе биде избран првиот премиер Албанец. 

Ахмети, како што кажа, Албанците сонувале за слобода и за еднаквост. – Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно, рече Ахмети.

Утре е историски ден. Утре, потенцира тој, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија.

-Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, рече Ахмети.