Ацо Петровиќ на прегратка со Обрадовиќ: А кога ќе се сетам…

Познатиот хрватски кошаркар Александар Ацо Петровиќ сподели фотографија на која срдечно го поздравува Жељко Обрадовиќ .

Петровиќ присуствуваше на натпреварот меѓу Цибона и Партизан во Загреб кој им припадна на црно-белите со резултат 87:74.

По средбата, Ацо и Жоц, стари познаници, се поздравија на подот во салата „Дражен Петровиќ“.

И кога ќе се сетам на битката што ја водевме пред 35 години“, напиша Петровиќ на Твитер.

Во текот на осумдесетите, Петровиќ и Обрадовиќ се бореа во стара Југославија како играчи на Цибона, односно на Партизан.