АЈКУЛА ИЗГРИЗАЛА ЖЕНА – Успеала да и помогне на ќерка си, но за неа немало спас

Млада жена ја спасувала својата петгодишна ќерка на мексиканскиот брег од ајкула која и ја одгризала ногата, поради што искрварила до смрт на плажата. Вознемирувачко видео кое се појави на социјалните мрежи за време на викендот покажува млада жена како лежи на песокот во градот Мелака откако спасувачите ја извлекле од океанот.
Инцидентот се случил во саботата, а властите ја идентификувале жената како 26-годишната Марија Фернандес Мартинез Хименез, поранешен студент по морска биологија на Универзитетот во Гвадалахара, која живеела во областа, пишува New York Post.

Хименез со својата ќерка пливала во океанот кога ја здогледала ајкулата. Таа побрза да го турне малото девојче на пловечката платформа, која беше на дваесетина метри од брегот. Рафаел Араиза, шеф на локалната канцеларија за цивилна заштита, вели дека успеала да го одведе девојчето на безбедно, но потоа била нападната од ајкула и и ја одгризала ногата.

И покрај брзата реакција на спасувачите, Хименез починала поради загуба на крв. Нејзината ќерка не е повредена. Властите како мерка на претпазливост ги затворија плажите во Мелака и блискиот град Бара де Навидад.