АЊА РЕШИЛА ДА ГО РЕНОВИРА СТАНОТ: Кога го подигнала стариот тепих, открила нешто вредно 13.000 евра (ВИДЕО)

Ања Клеменс (22) и нејзиниот партнер Калум Џонс (28) во својот дом пронашле нешто вредно 13.000 евра, а тоа им се случило сосема случајно, откако решиле да го реновираат станот .

Кога се впуштиле во овој потфат, не можеле ни да замислат какво изненадување ги чека.

@a.nya.c

We just found over £1000 under the old carpets😳😳 who was hiding this gorgeous flooring! Original Oak Parquet! This has saved us thousands! #oakflooring #parquet #oakparquet #herringboneflooring #herringbone #houserenovationuk #houserenovation

♬ Chill Noons – Kronicle

Ања сакаше да го отстрани стариот црвен тепих што стоеше во близина на дрвените скали и што не се вклопуваше во нивната внатрешност, а планираа да го заменат и постоечкиот паркет .

Земала скалпел и кога пресекла парче тепих во близина на дрвените скали, го здогледала скапиот даб паркет одоздола.

Ања веднаш го зела телефонот и снимила се и го објавила на TikTok, а видеото набрзо станало вирално.

@a.nya.c

Replying to @Sheldon McCrae CAN YOU BELIEVE IT! We have just added thousands onto the value of our house thanks to this beautiful find! #oakflooring #herringbone #parquet #housefind #housereno #housegoals

♬ Storytelling – Adriel

Сепак, тука работите почнуваат да стануваат поинтересни отколку што веќе се. Кога сфатила дека овој паркет е поставен на цело приземје, Ања им се јавила на родителите и ги прашала за мислење, пренесува Мирор.

„Изгледаше прекрасно и веднаш се заљубивме во него. Ги поканивме мајсторите да го полираат и да го пребојат. Така добивме паркет од 13.000 евра, без да вложиме ниту цент“, објасни Ања.

Следбениците на Ања реагираа на приказната и испратија бројни коментари.

„Испрати ми дел од твојата среќа“, „Вистински џекпот“, „Ти си најсреќниот човек на светот“, биле дел од пораките.