а местото од Палевски, како претседател на партијата сега е избран Алексовски

Љупчо Палевски Палчо е сменет од претседателската функција на политичката партија Десна. На местото од Палевски, како претседател на партијата сега е избран Тони Алексовски, тој заедно со Палевски е меѓу основачите на партијата.

Палевски е осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. Тој избега во Турција, полицијата го уапси во Баликесир и сега е во притвор. Имаше и повици за дерегистрација на партијата на Палевски.