СИНОТ НА ГОРАН ИВАНИШЕВИЌ СО ХРВАТСКА ЈА ПОБЕДИ СРБИЈА: Тренерот на Новак Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм – вака му честиташе на тимот!

Емануел Иванишевиќ беше дел од селекцијата на Хрватска која ја совлада Србија

Емануел Иванишевиќ (15), син на легендата на светскиот тенис и тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, победи со репрезентацијата на Хрватска против селекцијата на Србија до 16 години на турнирот „Tennis Europe Junior Tour“.

Иванишевиќ јуниор беше дел од селекцијата на својата земја во Реџо Емилија каде во петокот на 3 февруари Хрватска оствари максимална победа против Србија од 3-0. Ден подоцна Србија го победи Монако со 3-0, а Хрватска ја совлада и Швајцарија со 2-1. Во неделата Хрватите загубија во финалето од Италија (0-2), а Србија на завршниот дел со 0-3 загуби од Полска.

За Србија на овој турнир настапија Душан Баждар, Алекса Опарница и Огњен Милиќ. Хрватска имаше голем навивач во Горан Иванишевиќ, кој на социјалните мрежи им честиташе на својот син и соиграчите за завршниот турнир.