БАДЕМИТЕ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА СЕ КИСНАТ ПРЕКУ НОЌ: Кога ќе ја слушнете причината, ќе сфатите колку е ВАЖНО

Бадемите можете да ги чувате во вода 20 минути или неколку часа, но најдобро е 24 часа.

Бадемите се богати со витамини и минерали, а во помали количини и здрави масти. Пред се, тие се многу вкусни! Но, пред да се препуштите на нив, оставете ги натопени во вода преку ноќ. Во продолжение дознаваме зошто…

Постојат неколку причини зошто е добро да ги натопите бадемите во вода преку ноќ – од вкус до зголемена хранлива вредност. Натопените бадеми се многу повкусни од сувите, што ќе забележите ако ги пробате откако ќе останат во вода само 20 минути.

Главната причина лежи во фактот што оваа практика ја намалува количината на полифеноли и киселини во лушпата од бадемот, што може да ја намали апсорпцијата на некои хранливи материи. Особено чувствителните луѓе може да имаат дури и цревни проблеми поради внесување на големи количини полифеноли (кои, меѓу другото, ги има и во чајот).

Бадем, Бадемово млеко

Од влажните бадеми, телото подобро ќе ги апсорбира сите хранливи материи и тие ќе бидат посварливи од вообичаеното. Освен тоа, кога се натопени, бадемите почнуваат да никнуваат, што значително ја зголемува нивната количина на хранливи материи.

Можете да ги чувате бадемите во вода 20 минути или неколку часа , но најдобро е 24 часа.

Во стаклена тегла со капак ставете приближно 250 гр бадеми и покријте ги со топла вода. По 12 часа сменете ја водата и оставете ги во теглата уште 12 часа. Теглата можете да ја чувате во фрижидер. Пожелно е и да додадете една до две лажички сол по промената на водата.