Баерн ја прекина соработката со Катар ервејс

 Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен објави денеска дека спогодбено ја прекина комерцијалната соработка со авиокомпанијата Катар ервејс, која долго време предизвикуваше контроверзи поради обвинувањата за кршење на човековите права во оваа заливска држава. 
“Договорот меѓу Баерн Минхен и Катар ервејс завршува спогодбено по пет заеднички возбудливи години”, се наведува во заедничкото соопштение објавено на официјалниот сајт на германскиот клуб.
“Баерн Минхен и Катар ервејс успешно соработуваа и учеа едни од други”, рече извршниот директор на Баерн, Јан – Кристијан Дресен.
Шефот на авиокомпанијата Акбар Ал- Бакер, од своја страна, изрази ” најдобри желби за иднината на клубот”.