Баерн ќе испрати нова понуда за Кејн, клубот е уверен во можноста за трансфер

 Во Баерн се уверени дека имаат реални шанси да го ангажираат Хари Кејн од Тотенхем.

Баварците ќе дадат уште една понуда за трансфер на Англичанецот, тврди инсајдерот Фабрицио Романо. Останува само да се разјасни прашањето за цената на 30-годишен напаѓач. 

Сепак, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви сака да го задржи Кејн во клубот па останува да се види дали некоја понуда ќе го премисли.

Тотенхем претходно одби две понуди од Баерн за ангажирање на Кејн