Бака Прасе ѝ должи 50.000 евра на државата: Затајувал данок, рестотаните затворени а сметката блокирана (фото)

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, многу заработува од социјалните мрежи, рекламите и клиповите на Јутјуб. Навикнат е да живее „на висока нога“ и не крие дека знае да заработи за скапиот модус вивенди .

Популарниот јутјубер во последните години започнал приватен бизнис и отворил неколку ресторани за брза храна „Код Бака“, но како што успеала да дознае српска „Република“ тие главно биле затворени поради долгови кои достигнуваат бројка од 6.000.000 динари, односно околу 50.000 евра. . Компанијата е целосно блокирана во последните 28 дена, соопшти споменатиот медиуми.

По оваа информација, порталот „Република“ ги посети најпознатите локации на познатиот синџир ресторани со кој вообичаено раководи „Азија фуд“ од Белград, и се увериле дека сите објекти се „под клуч“ и дека во нив нема жива душа, додека на вратата немало известување дека објектите се затворени.

Инаку, официјален сопственик на познатиот ресторан за брза храна не е Илиќ, туку Урош Глигоријевиќ, а Јутјуберот само го рекламира, иако упатените велат дека има и сопственички удел.

За потсетување, ова не е првпат скандал да следи по рестораните на Бака Прасе. Имено, инспекцијата претходно ги затворила неговите објекти, во Нови Сад, поради прекршување на санитарните услови пропишани со закон, но и поради игнорирање на решението на инспекторот.